Пристаништата на Европската унија од денес повеќе не нудат услуги за претовар на течен природен гас (LNG) произведен во Русија или извезен од таа земја.
Овие санкции беа воведени уште во јуни минатата година, но тогаш беше одобрено одложување на нивната примена до 26 март 2025 година за договорите склучени пред 25 јуни 2024 година.
Од денес, во пристаништата на ЕУ исто така е забрането обезбедување техничка поддршка, брокерски услуги, финансирање или финансиска поддршка за претовар на LNG.