Суд во Москва денеска изрече казни за Гугл и Телеграм во вкупна вредност од околу 270.000 евра поради неотстранување на содржини чие обиајување е забрането во Русија.
Судот пресуди дека платформите не го почитувале законот што бара отстранување на забранета содржина.
Телеграм е казнет со 18,4 милиони рубљи (околу 191.000 евра), додека Гугл мора да плати 7,6 милиони рубљи (приближно 79.000 евра).
Ова не е првпат руските власти да санкционираат странски интернет платформи. Инстаграм, Јутјуб, Икс и ТикТок претходно беа казнети за „неотстранување на илегална содржина“ и „непочитување на домашните закони“.
Во исто време, и натаму е во сила забраната за пристап до Телеграм од територијата на Русија.
