САД започнаа „серија моќни напади против Иран“, објави Централната команда на американската војска (CENTCOM).
Во соопштението се вели дека нападите биле насочени кон Иран „за да му наметнат високи трошоци за таргетирање и напаѓање на трговски бродови со екипажи од невини цивили во меѓународните водни патишта“.
Иранските медиуми известуваат за експлозии
Иранските медиуми тврдат дека неколку области на југот од земјата биле цел на американски напади.
Според извештаите, повеќе експлозии биле пријавени во јужниот ирански пристанишен град Сирик, во близина на Ормутскиот теснец, додека пристаништето Тахеруи наводно било погодено од шест ракети.
Експлозии се слушнале и на островот Кесмо и во градот Бандар Абас.
Ова е вест во развој!
