Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Си-Ен-Ен: САД не ја блокираат испораката на борбени авиони Ф-16 на Украина од сојузниците

Во текот на изминатите неколку недели, администрацијата на претседателот Џо Бајден јасно им стави до знаење на европските сојузници дека САД нема да ги попречуваат во испораката на борбени авиони Ф-16 на Украина, пренесува Си-Ен-Ен.

„Иако САД не сакаат да испратат некој од сопствените Ф-16 во Кијив, американските официјални лица изјавија за Си-Ен-Ен дека администрацијата е подготвена да го одобри извозот на авионите во Украина, доколку тоа е она што сојузниците решат да го направат со нивното снабдување“, се вели во изјавата.

Се истакнува дека неколку европски земји поседуваат американски борбени авиони Ф-16, меѓу кои и Холандија, која изразила подготвеност да извезе дел од нив во Украина.

Сепак, сè уште нема официјални барања до администрацијата на Бајден во врска со ова прашање.

Координаторот на Советот за национална безбедност за стратешки комуникации, Џон Кирби, одби да ја коментира можноста САД да испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, но напомена дека земјата ги разгледува своите потреби и идни можности.

Премиерот на Обединетото Кралство, Риши Сунак, изјави дека се договорил со неговиот холандски колега Марк Руте, да „работи на создавање меѓународна коалиција за да и обезбеди на Украина борбени воздушни капацитети, обезбедувајќи поддршка во сè, од обука до набавка на Ф-16“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира