Сите гости на приемот по повод Денот на грчката независност, кој во календарот на Белата куќа е внесен како редовен годишен настан, си ја чешкале главата и си гледеле во врвовите на чевлите откако американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече Грција и Кипар – ривали, пренесува То Вима.
Инаку прославата на Денот на грчката независност во Белата куќа поминала во добро расположение во сала преполна со грчки достоинственици и поддржувачи, како и гости од Грција.
Архиепископот Елпидофор му подарил на Доналд Трамп крст од периодот на првиот за римскиот император Константин Велики.
Гест што исто така привлече внимание оној на Кимберли Гилфојл – побожна римокатоличка – која во знак на почит кон источнат православна традиција, се прекстрила од десно кон лево, наместо римокатоличката лево кон десно.