19 годишно момче загина во сообраќајна несреќа во Скопје

Попладнево на патот Радишани – Побожје се случила сообраќајна несреќа со смртни последици.

Како што информираат од МВР во судир на автомобил и мотоцикл, животот го загубил момче на возраст од 19 години. 

„Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот“ информираат од МВР.

Екипи на полицијата се уште се на терен каде што се врши увид, а сообраќајот во овој дел од градот се одвива отежнато.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?