Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанија: Под урнатините на антички град пронајдени „неверојатен број“ чаши за вино

Иако ридот не изгледа како нешто посебно, тоа што се крие со миленуми внатре е навистина уникатно. Археолозите во Бушати во 2018 година открија непознат град. Одамна заборавените урнатини, според археолозите биле важен урбан центар се сместени помеѓу два ридови со мала долина помеѓу, што му дава на градот речиси триаголен облик.

„Во денешно време не се откриваат веќе урнатини на големи антички градови со непознато име “, велат археолозите.

Во надеж дека ќе најдат одговори за мистериозното место, археолозите од Истражувачкиот центар за антиката на Југоисточна Европа ископаа „многу голема зграда“ на највисоката точка во градот, се вели во соопштението на организацијата.

Зградата била стара околу 2.400 години со „три пространи простории и долг коридор“, велат археолозите. Фотографиите го покажуваат контурите на руинираната структура.

Внатре, археолозите пронајдоа „неверојатен број“ на „садови за пиење вино со различни големини“, изјави Пјотр Дичек, археолог од Истражувачкиот центар за антиката на Југоисточна Европа. „Откривме уникатна зграда“, рече Дичек. Тој ја идентификуваше зградата како пританеион, античка грчка градба каде што се состануваа владините претставници, или „хестиатерон, (кој) е една од јавните објекти во кои треба да гори вечен оган“.

Овие „изненадувачки“ наоди сугерираат дека мистериозниот град бил планиран и управуван како античките грчки градови, велат археолозите. Населбата, сепак, не била грчка. Градот бил дел од античка Илирија, велат археолозите. Илирите контролирале голем дел од денешниот Балкан додека не биле освоени од античките Римјани во 168 п.н.е., според Британика.

Ископувањата претходно ги открија урнатините на одбранбените ѕидови и две градски порти, доказ за големината и важноста на локацијата, соопшти универзитетот. Археолозите ќе продолжат со ископувањата и следната година, велат од истражувачкиот центар.

Извор: Miami Herald

Редакција Трн

Треба да знаете
Moже да ве интересира