Амбасадорката Дир: Штом го ослободиме Крим, ќе сториме сѐ за да ги заштитиме домородните народи на Украина

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, со порака на Твитер по повод 9 август, Меѓународниот ден на домородните народи во светот кој се одбележува за да се покаже годишна поддршка за заштита и унапредување на правата на домородните народи.

Во Украина, Кримските Татари, Караитите и Кримчаните се признати како домородни народи.

Повеќе од 9 години, претставници на домородните народи на Украина се соочуваат со незаконски дејствија, неправди, угнетување и прогон од страна на руската федерација, која незаконски го анектираше полуостровот.

Крим е Украина. Затоа, веднаш штом ќе го ослободиме Крим, ќе сториме се што е потребно за да ги заштитиме домородните народи на Украина и да ги изведеме пред лицето на правдата руската војска и власти одговорни за извршување на воени злосторства, напиша Дир на Твитер.

Д. Мишев (ЦивилМедиа)

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?