Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Анкети: Нова демократија со предност од 19 до 20 отсто пред СИРИЗА

 Меѓу 19 и 21 отсто се движи разликата меѓу Нова демократија и СИРЗА според двете нови истражувања на јавното мислење во Грција за телевизиите Алфа и Скај во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина. 

Истражувањата биле спроведени од агенциите „Alco“ и „Pulse“ за ТВ Алфа и ТВ Скај, а покажуваат дека мнозинството граѓани (осум од десет, односно седум од десет анкетирани) ќе гласаат за истата партија за која што гласале и на минатите избори на 21 мај.

Согласно резултатите од анкетата на „Alco“ за ТВ Алфа, процената е дека Нова демократија би добила меѓу 39,8 и 43,8 отсто од гласовите, СИРИЗА меѓу 17,8 и 21,8 проценти, а ПАСОК меѓу 10,2 и 13,2 отсто.

Во однос на распоредот на пратеничките места, во зависност од тоа колку партии ќе обезбедат место во Парламентот, истражувањето на „Pulse“ за Скај покажува дека Нова демократија би добила меѓу 155 и 166 пратеници, што е повеќе од доволно за формирање еднопартиска Влада.  

Истражувањето на „Alco“ за Алфа било спроведено од 16 до 21 јуни со анкетирани 1.403 лица, а на „Pulse“ за Скај од 18 до 20 јуни со учество на 1.016 граѓани со право на глас. 

На изборите на 21 мај годинава Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

Зачлени се на нашиот е-билтен