Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Антикорупциска ќе испитува дали именувањето в.д. директори е законско

Именувањето на десетици в.д. директори на јавни институции и во здравството се најде под лупа на Антикорупциската комисија. Таа денеска преку соопштение најави дека ќе испитува дали тоа е направено законски.

„Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) известува дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции. Комисијата ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали истите се предвидени и дозволени.

Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива. Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции.

Целта на овие проверки е да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони, и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси“, велат од ДКСК.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново