Апелациониот суд во Јапонија пресуди дека забраната за брак меѓу истополови двојки е неуставна

 Јапонската забрана за истополови бракови е неуставна, одлучи денеска второстепениот суд во северниот дел на јапонскиот округ Сапоро, објавија британските медиуми.

Јапонија е единствената земја од Г7 каде истополовите бракови не се законски заштитени, а пресудата на Апелациониот суд во Сапоро ги отфрли барањата на тужителите за компензација од владата.

Дебатата за тоа дали законите во Јапонија против истополовите бракови се неуставни ги подели пониските судови во Јапонија, при што еден окружен суд пресуди дека забраната е во согласност со уставот, додека други велат дека е неуставна.

Иако анкетите минатата година покажаа дека речиси 70 отсто од Јапонците ги поддржуваат истополовите бракови, конзервативната Либерално-демократска партија на премиерот Фумио Кишида се противи на легализирање. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира