Бајден: Благдарни сме на Америка за нејзините безгранични можности 

– Претседателот на САД Џо Бајден синоќа се обрати до американскиот народ со честитки за Денот на благодарноста, еден од најважните државни празници во САД. 

-Во текот на целата историја на нашата земја моментите како да се искаже благодарност се случувале како во добри така и во лоши времиња. Пред да се појават Соединетите Држави првите доселеници го славеле Денот на благодарноста во чест на првата успешна жетва и поддршката и дарежливоста на народот Вампаноаг со чија помош тоа го оствариле. 

-Во екот на жестоката битка за независноста на нашата земја, Џорџ Вашингтон и неговата војска го празнуваа Денот на благодарноста патувајќи накај долината Форџ. За време на Граѓанската војна претседателот Абрахам Линколн го прогласи Денот на благодарноста за национален празник во чест на благословеноста на нашата земја, рече претседателот на САД во своето специјално обраќање. 

Шефот на Белата куќа исто така напомена и за американските војници, ветерани и членовите на нивните семејства, кои храбро  служат и се жртвуваат за благосостојбата на народот на САД. 

-Ги видивме сите возможности со кои располага нашиот народ во мајките, татковците, во родителите коi упорно работат за да изградат иднина достојна nа најголемите сништа на нивните деца кои се најталентирана, најангажирана и најобразована генерација во историјата, посочи Бајден. 

-Во овој Ден на благодарноста сме благодарни на нашоит народ и неверојатната душа на Америка. Бидејќи семејствата, ближните и пријателите низ целата земја се собираат заедно за да го прослават Денот на Благодарноста ајде да бидеме благодарни за сите благослови на оваа нација и нејзините безгранични можности, порача тој прогласувајќи го овој четврток, на 248. година од независноста на Соединетите Држави, за Ден на багодарноста. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира