Битиќи: Гласот за Пендаровски е глас за европска Македонија и за да продолжиме со добрата работа уште еден мандат

„Затоа што верувам дека гласот за Пендаровски е глас за европска Македонија. Верувам дека тоа е глас за човек кој го држи зборот, и тоа е глас за голем работник. И секако еден од најдобрите претставници на нашата Македонија“, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи на видеото каде што  телефонски разговора со граѓанин, извесен Милан,  и го потсетува на претседателските избори кои ќе се одржат во среда и истовремено го повикува да даде поддршка за Пендаровски. А од другата страна граѓанинот прашува Зошто да гласа за Пендаровски?

И Битиќи додава, дека Стево е симбол на интегритет, и треба да го подржиме.

„Стево е дефинитивно најдобриот избор за шеф на државата. Така што сметај на мојот глас,“ одговара од другата страна Милан.

Битиќи му посочува да им ја  пренесе пораката на  сите негови роднини, пријатели и колеги.

„Да излеземе и гласаме за Стево, и да продолжиме со добрата работа уште еден мандат“, порачува Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира