Битиќи: Го променивме системот за градење бидејќи сите проекти досега нè чинеле повеќе и траеле подолго од планираното

„Кога правевме анализи воочивме дека во нашата држава, во изминатите 30 години намерно се направени пропусти и во проектирање и во начинот на изведување, на избор на изведувачот, дури и компаниите кои што се појавувале вообичаено, критериумот најбитен бил најниска цена. Но, нема ниту еден случај во кој што тоа што е договорено е завршено со истата цена. Сите се завршени со суми далеку над првичните цени“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

Тој додаде дека ниту еден од проектите не е завршен во временски период кој што бил предвден првично, бидејќи во сите проекти имало низа пропусти.

„За квалитетот можеме да дискутираме затоа што ние се возиме по одредени делници кои што се изградени во минатото и кои што се градат во овој момент. Ние мораме еднаш засекогаш да кажеме дали треба да се возиме по квалитетни и пред се безбедни и навремено во временски период кој што граѓаните заслужуваат да го добијат“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека не е вистина дека за овие проекти и автопатски решенија нема физибилити студија, бидејќи таа физибилити студија за автопатско решение е направена во времето на владеењето на СДСМ.

„Условот е даден за проектите на Бехтел и Енка, 51 отсто од договорот мора да биде со наши подизведувачи, 51 отсто од ресурсите мора да доаѓаат од дома. Но, на пример, на автопатското решение ќе мора да има енергенси, ние немаме домашен ресурс нафта, тој секако е увезен“ рече Битиќи.

Тој додаде дека Бехтел и Енка имаат свои машини, свои работници и проектен тим, а веќе и вработуваат нови луѓе.

„Во одредено време во различни фази на проектот, бројката на вработени и од администрација, но и тие кои се директно на терен ќе варира од 1700 па до 4000. Овде не се подизведувачите, затоа што тие ќе носат други, дополнителни работници на терен, друга механизација“ рече Битиќи.

„Поддршката која доаѓа од САД, не само за проектот за „Бехтел и Енка“, туку за целиот евроинтеграциски пат доаѓа во право време. Добивањето на поддршка од САД од највисоко можно ниво, е само доказ дека тоа што го правиме е добро. И дека тоа што е особено критикувано од одредени чинители нема поддршка, не само во меѓубнародната заедница, туку нема поддршка и од аргументите кои се обидуваат да ги дадат“, посочи Битиќи.

Тој додаде дека кога се дава поддршка на една држава, во тој момент се дава поддршка на Владата и чинителите што ги креираат и носат политиките.

„Во овој момент актуелната власт е предводена од СДСМ, тоа значи директна поддршка на политиките кои ќе се генерираат од страна на СДСМ и затоа сметам дека само тие што не сакаат тоа да го слушнат или да го разберат нема да го разберат“, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ако се даде поддршка на енкој друг, ќе се даде со име и презиме, односно ако сметаат дека опозицијата е ан правиот пат, тоа би било така искажано.

„Но, за разлика од тоа што би можело да се случи, вчера беше јасно дека се дава поддршка на Владата, предводена од СДСМ, на патот кој што е избран, на одлуките кои што се носат, и се повикаа другите чинители кои што се уште го немаат фатено правецот конечно да се одлучат дали ќе го поддржат евроинтеграцискиот план и дали ќе ги поддржат политиките кои што носат напредок“, рече Битиќи.

Треба да знаете
Moже да ве интересира