Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен и Борел во Вашингтон разговараа за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу ЕУ и САД

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска во Вашингтон имаше средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со него разговараше за натамошното зајакнување на партнерството меѓу ЕУ и САД.
Покрај тоа, тие разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, Украина, Хаити и Венецуела, како и за заедничките надворешни и безбедносни приоритети, објавено е на веб-страницата на Европската унија.
Борел ја нагласи потребата од поголема поддршка за Украина и ги пофали САД за испраќањето дополнителна воена помош во Киев.
Разговорите биле фокусирани и на напорите за постигнување „праведен и траен мир“, вклучувајќи ги и глобалните иницијативи како што е „украинската мировна формула“.
Борел потсети дека ЕУ досега на Украина и испорачала вкупно 138 милијарди евра воена помош.

Борел и Блинкен зборуваа и за ситуацијата во Појасот Газа, при што Борел ја истакна итната потреба од непречен пристап до хуманитарна помош, пред се по копнен пат.

Треба да знаете
Moже да ве интересира