Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бочварски на Меѓународниот ден на Ромите: Заедно градиме општество кое обединува, без делби

“Изградивме општество во кое граѓаните ја ценат слободата и толеранцијата и во кое се чувствуваат безбедни и имаат еднакви можности за личен развој и напредок. Тоа мораме да го сочуваме“, напиша во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на Ромите министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Бочварски на Меѓународниот ден на Ромите истакнува дека „денес Ромите во нашата земја живеат во општество кое одлучило да интегрира, а не да сегрегира и општество во кое ромскиот народ е дел од заедница на еднакви граѓани. Во изградбата на заедничкото општество вложивме и волја, и ангажман и милионски средства“.

„Во општините во кои живеат Ромите изградивме станови, ја подобривме патната и комуналната инфраструктура во општините каде што се покажа како неопходно обезбедивме за речиси 200 деца бесплатна партиципација за присуство во детските градинки. Тоа најдобро го знаат нашите сограѓани од Скопје, Шуто Оризари, Прилеп, Велес, Штип, Струмица, Кочани, Битола…“, истакнува Бочварски во честитката по повод Меѓународниот ден на Ромите и дополнува „ќе градиме и понатаму. Заедно можеме многу повеќе. Да продолжиме за подобар заеднички живот“.

Треба да знаете
Moже да ве интересира