Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британската влада ќе издвои 117 милиони фунти за заштита на муслиманската заедница

 Британската влада денеска соопшти дека ќе издвои 117 милиони фунти или 137,30 милиони евра за заштита на муслиманската заедница поради порастот на исламофобијата.

Британските медиуми најавуваат дека средствата ќе бидат искористени за заштита на џамии, муслимански верски училишта и други општински центри.

Тел Мама, група која ги следи антимуслиманските инциденти, минатиот месец соопшти дека има зголемување за 335 отсто на таквите инциденти во Велика Британија по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли изјави дека омразата против муслиманите нема апсолутно никакво место во британското општество.

Анкетата спроведена во февруари покажа дека 29 отсто од Британците веруваат дека владејачките конзервативци се исламофобични.

Пред десет дена британската Влада најави дека ќе ја зајакне безбедноста на еврејската заедница поради зголемувањето на антисемитизмот. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира