Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЦИВИЛ одбележува 24 години од своето постоење

Активизам во сите временски услови, Цивил во Штип во 2016 година
Активизам во сите временски услови, Цивил во Штип во 2016 година

Со текстот под наслов „Еден од светилниците на слободата“ од Мирослав Јовановиќ, извршен и медиа директор на Слободен печат, започна одбележувањето на 24-годишнината од основањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода, граѓанска организација за човекови права, основана на 25 ноември 1999 година.

И во текот на изминатите неколку години, за ЦИВИЛ говореа и пишуваа голем број истакнати личности, меѓу кои и претседателот и високите функционери на државата, политички лидери од власта и од опозицијата, водечки интелектуалци, новинари, експерти, аналитичари, уметници, активисти, дипломати, граѓанки и граѓани од сите заедници…

И оваа година, истакнати личности од светот на политиката, медиумите, уметноста, академијата, граѓанското општество и бизнисот дадоа свој осврт кон ЦИВИЛ.

Раководството при организацијата им се заблагодарува на сите aвторки и aвтори на извонредно високите оценки што ги дадоа во своите текстуални пораки. Редакцијата при медиумската платформа на организацијата, денеска и во наредните денови ќе ги објави сите текстови пристигнати на оваа тема.

ЦИВИЛ

Треба да знаете
Moже да ве интересира