Дел од Карпош денес без вода поради дефект на „Народен фронт“

Дел од жителите на Карпош денес останаа без вода поради санација на дефект на водоводната мрежа на улицата „Народен фронт“.

Прекинот ги опфаќа корисниците на „Народен фронт“, на потегот од Домот на печатот до улицата „Франклин Рузвелт“, како и дел од улицата „Васил Ѓоргов“.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за дефект на затворач со пречник од 150 милиметри кај бројот 21 на улицата „Народен фронт“.

Водоснабдувањето е прекинато од 8:30 часот и ќе биде нормализирано по завршувањето на санацијата. Од надлежните засега не е наведено во колку часот се очекува екипите да ја завршат интервенцијата.

Поправката првично беше најавена за 30 јуни, но ЈП „Водовод и канализација“ ја одложи за 1 јули поради технички причини.

Најчитано