Делови од Скопје утре 13 часа без вода

Повеќе институции, трговски центри, улици и населби во Скопје утре, 20 јуни, ќе останат без вода или ќе имаат намален притисок поради интервенција на водоводната мрежа.

Прекинот е најавен во периодот од 9 до 22 часот, а ќе бидат опфатени објектот на Македонската академија на науките и уметностите, Основниот суд Скопје 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Без редовно водоснабдување или со намален притисок ќе бидат и трговските центри „Мавровка“ и „Ист гејт“, дел од Турската чаршија, Саат Кула, Македонската радио-телевизија, Крњево и Автокоманда – ниската зона до Камник.

Прекинот ќе ги опфати и корисниците на улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, како и дел од булеварот „Крсте Мисирков“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека екипите ќе работат на отстранување дефект на затворачи на водоводната линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и Кеј „Димитар Влахов“.

Граѓаните и институциите во опфатените делови од градот се советуваат навреме да обезбедат резерви вода за периодот додека траат техничките зафати.

Најчитано