Денес без струја во Гази Баба и Илинден

Делови од општините Илинден и Гази Баба денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа.

Според информациите од ЕВН Македонија, од 6 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците во населбата Белви, како и објектите на мотел „Белви“ и „Чеза Комерц“ во Општина Илинден.

Прекин е најавен и во Општина Гази Баба. Од 9 до 13 часот без електрична енергија ќе остане дел од корисниците кои се напојуваат од трансформаторската станица Инџиково 2.

Од ЕВН информираат дека станува збор за однапред планирани зафати на мрежата, поради што снабдувањето ќе биде прекинато само во наведените периоди.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?