13 годишно момче загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во близина на Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во с.Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово и електричен тротинет управуван од 13-годишен малолетник од с.Черкези“ велат од МВР.
По несреќата малолетникот бил пренесен во Општата болница Куманово каде од страна на лекар констатирана била смрт.
„Во 21:20 часот во Полициската станица Куманово возачот бил лишен од слобода. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово“ соопшти МВР.
