Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта… вечерва на „Get EXITed“ во Струмица

Во Струмица вечер втор пат ќе се одржи големата целовечерна забава „Get EXITed“ во организација на тимот на „ЕГЗИТ“ фестивалот и Општина Струмица.

Организаторите го објавија редоследот на изведувачите кои ќе настапат на забавата во Струмица, што, како и минатата година, ќе се одржи во големиот Градски парк на локацијата меѓу спортската сала и фудбалскиот терен на вештачка трева.

Како што информираа организаторите, најголемата забава за испраќање на летната сезона почнува вечер во 19 часот, а публиката први ќе ја пречекаат локалниот Џамбо Агушеви Оркестар, еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот, а по него на бината ќе застане омилената регионална уметница Констракта со својот бенд „Земља Грува“.

Констракта

Гитарскиот звук ќе го донесат рок легендите, групата Ван Гог, по која ќе следува исчекуваниот, специјален хибриден настап на светската поп и соул сензација Џон Њуман.

Џон Њуман

По него публиката ќе ја разигра глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Бурак Јетер, додека за завршницата на втората по ред Get EXITed журка ќе биде задолжена силната женска поддршка од светот на електронската музика-младата продуцентка и диџејка Lanna и The Geors.

Влезот за настанот е бесплатен, додека оние што сакаат најголемите светски и регионални ѕвезди сакаат да ги чујат и доживеат на највисоко ниво, достапни се ВИП влезници по цена од 3.100 денари.

Треба да знаете
Moже да ве интересира