До 15:00 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, инфомрираат од Центарот за управување со кризи
Од нив, три пожари се сè уште активни, додека два се целосно изгаснати.
Активни се пожарите:
во Општина Пробиштип, кај село Петршино, каде гори ниска вегетација;
во Општина Свети Николе, на потегот меѓу селата Делисинци и Сарамзалино, каде е зафатена ниска вегетација;
во Општина Богданци, покрај локалниот пат Богданци – Стојаково, каде гори ниска вегетација.
Изгаснати се пожарите:
во Општина Ранковце, кај село Вржогнци, каде биле зафатени автомобил и стрниште;
во Општина Сарај, кај село Грчец, каде горела ниска вегетација.
