Египет го засили своето безбедносно присуство долж границата со Газа, изјавија денеска очевидци и безбедносен извор за ДПА.
Според очевидци, долж границата се забележани безбедносни засилувања и интензивни безбедносни патроли, особено во областа на преминот Рафа и преминот Керем Шалом.
-Безбедносните сили се прераспоредени за засилување откако Израел во петокот соопшти дека ќе започне воена операција во пограничниот град Рафа, изјави официјален претставник за безбедност за ДПА.
Изворот, исто така, рече дека во тек се операции за да се зголеми висината на оградите и да се зајакне бодликавата жица по оштетувањето од израелското бомбардирање на пределот на преминот.