Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Експлозија во близина на брод кај Јемен

Британската агенција за поморска безбедност (УКМТО) соопшти дека денеска се случила експлозија во близина на брод во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен, додавајќи дека бродот не е оштетен и нема повредени меѓу екипажот.

Бродот регистрирал експлозија во неговата близина во југозападниот дел на јеменското пристаниште Салиф, објави УКМТО, додавајќи дека мултинационалната комисија, која беше формирана од САД во декември за да го заштити поморскиот сообраќај од јеменските Хути, спроведува истрага.

Британската компанија за поморска безбедност Амбри соопшти дека ги следи настаните околу ракетната експлозија западно од пристанишниот град Ходеида, но не даде дополнителни детали.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.

Хутите од ноември ги зачестија нападите врз трговски, а понекогаш и воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, во знак на поддршка за Палестинците во војната против Израел во Газа, која почна на 7 октомври.

Поради нивните напади, многу бродски компании го избегнуваат овој воден пат важен за меѓународната трговија.

Хутите поддржани од Иран контролираат големи делови од Јемен.

Треба да знаете
Moже да ве интересира