Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Еве како е изведен нападот со пејџери против оперативците на Хезболах

Во серија експлозии предизвикани од саботажа на пејџери кои ги користеа оперативците на Хезболах во Либан загинаа најмалку 9 лица, а илјадници se повредени. Хезболах и Иран го вперуваат прстот кон Израел, но останува прашањето како е пробиен безбедносниот синџир на оваа милитантна група.

Хезболах се гордее со своите строги безбедносни мерки, усовршени во текот на деценискиот конфликт со Израел. Серијата експлозии на пејџери што ги користеа оперативците на Хезболах во Либан го доведуваат во прашање целиот безбедносен апарат на милитантната организација, пренесува вечерва медиумите.

Она што во овој момент го загрижува Хезболах не е толку физичкиот обем на нападот колку прашањето колку длабоко Израел се инфилтрирал во комуникациската мрежа на Хезболах.

Многу оперативци на Хезболах се префрлија на користење пејџери откако мобилните телефони на членовите на Хезболах беа компромитирани од израелско хакирање.

Обемот на последниот напад покажува колку е ранлива безбедноста на Хезболах во однос на софистицираната воена технологија што Израел ја користи или има пристап до неа.

Прекршување на синџирот на снабдување на Хезболах

Синџирот на снабдување е растечка загриженост во светот на сајбер безбедноста, бидејќи хакерите можеа да пристапат до уредите додека се уште се во фабриката.

Претходните напади обично беа ограничени на софтверите, додека нападите врз синџирот на снабдување со хардвер се многу поретки, бидејќи тоа имплицира дека уредот доаѓа во рацете на лицето кое сака да ја изврши саботажата, односно треба физички да пристапи до него.

Ако се испостави дека ова навистина бил напад на синџирот на снабдување, тоа би вклучувало масовна операција за отворање на пејџерот во фабриката и дополнителни поставки.

Саботирањето на толку голем број либански пејџери бараше разузнавање што го следеше целиот синџир на снабдување и техничка способност да се подготви за саботирање на пејџерите неоткриено.

Зошто Хезболах користи пејџери

Од почетокот на конфликтот во Газа минатата година, Хезболах ги предупреди своите членови да не користат мобилни телефони поради страв дека ќе бидат цел на израелското разузнавање.

Израелската агенција Шин Бет уби бомбаш на Хамас во 1996 година активирајќи експлозив во неговиот телефон. Ова е една од причините што Хезболах користел пејџери за комуникација, а според изворите, неодамна била испорачана нова серија на оваа милитантна група.

Некој, а Хезболах нема дилеми дека Израел стои зад ова, успеа да се прикраде во синџирот на снабдување и да ги подготви пејџерите за саботажа.

Поранешен експерт за муниција на британската армија, кој побара да остане анонимен, изјави за Би-Би-Си дека уредите најверојатно биле спакувани со експлозиви, скриени во лажна електронска компонента.

Тука би се активирал дополнителен сигнал, вели изворот, со нешто што се нарекува алфанумеричка текстуална порака. Кога ќе го прими првиот корисник на пејџерот, секое наредно лице што ја користи истата серија ќе го користи пејџерот за да го активира експлозивот.

Иако бројот на жртвите е релативно мал, стотиците тешко повредени според експертите се голем психолошки удар за Хезболах.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново