До 14:30 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 5 пожари на отворен простор, инфомрираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму додаваат дека активни пожари нема, еден пожар е под контрола, а четири се целосно изгаснати.
Под контрола е пожарот во Општина Кратово, кај село Железница, каде гори депонија.
Изгаснати се пожарите: во Општина Струмица, помеѓу селата Муртино и Банско, каде гореле ѓубре, ниска вегетација и шамак; во Општина Теарце, кај селото Теарце во близина на бензинската пумпа „Стјудес Петрол“, каде горела ниска вегетација; во Општина Пехчево, на потегот помеѓу селата Панчарево и Црник, каде горела ниска вегетација; во Општина Велес, кај селото Долно Дуќани, каде горела ниска вегетација.
