Фирмите со 0 вработени во Македонија свртеле речиси 95 милиони евра во 2025

вработени

Фирмите со 0 вработени во Македонија свртеле речиси 95 милиони евра во 2025. Колку целата дејност сметководство и ревизија заедно.

Во Македонија во 2025 година има 1.896 компании со 0 вработени што оствариле приходи. Во 2024 година биле 1.466 односно бројот пораснал за 29,3%. Но уште поинтересно е што овие компании не се само активни на хартија. Во 2025 година генерирале речиси 95 милиони евра приходи и околу 20 милиони евра добивка. Најголемата компанија со 0 вработени во Македонија генерирала приходи од околу 13,8 милиони евра, што претставува приближно 14,5% од вкупните приходи на сите компании од оваа група.

Дополнително, само топ 5 од компаниите со 0 вработени генерираат повеќе од 60% од вкупните приходи. Доаѓаат од енергетиката, посредувањето во трговија, недвижностите, градежништвото, транспортот и IT секторот.

Топ 10 по приходи прават речиси половина од вкупната добивка на целата група.

Скопје доминира со 48% од сите компании, но со дури 75% од вкупните приходи.

Замислете, фирмите без ниту еден вработен денес генерираат приходи колку целата сметководствена и ревизорска индустрија во Македонија, а оваа дејност има 4.658 вработени!

Најчитано