Франција го објави списокот на помош донирана за Украина од почетокот на руската агресија

Франција има дадено повеќе од 3,8 милијарди евра (4,1 милијарди долари) безбедносна помош за Украина во периодот од 24 февруари 2022 година до 31 декември 2023 година, вклучувајќи 2,615 милијарди евра (2,8 милијарди долари) во воена опрема и 1,2 милијарди евра (1,3 милијарди долари ) донација за Европскиот мировен фонд (ЕФФ), објави француското Министерство за одбрана на 3 март, пренесува Кијив Индипендент.

Иако Франција е со релативно помал дел од својот БДП од земјите како Германија или Полска, францускиот претседател Емануел Макрон неодамна повика на порешителни чекори за поддршка на Украина, дури и не исклучувајќи ја можноста за испраќање војници во опколената земја.

Новообјавената листа вклучува 30 самоодни артилериски системи Цезар, 38 оклопни борбени возила AMX10, 250 оклопни возила VAB во различни модификации, 160 дронови и 10 системи за откривање беспилотни летала.

Франција, исто така, ѝ достави на Украина неколку системи за противвоздушна одбрана, вклучувајќи SAMP/T (една единица), Mistral (шест единици) и Crotale (две единици), како и непозната количина на проектили за овие системи.

Украинските сили дополнително добија 1,1 милион куршуми со мал калибар, околу 1,74 милиони чаури од 12,7 мм, 30.000 артилериски гранати од 155 мм и над 1.000 противтенковски фрлачи АТ4.

Списокот вклучуваат различни возила, гранати, мало оружје, медицинска помош, техничка опрема, гориво, панцири и многу повеќе.

Одвоено од вкупната сума од 4,1 милијарди долари, француската војска исто така помогна во обуката на речиси 10.000 украински војници во Франција и Полска.

Макрон и неговиот украински колега, Володимир Зеленски, потпишаа договор на 16 февруари за долгорочна безбедносна соработка меѓу двете земји, според кој Париз вети 3 милијарди евра (3,2 милијарди долари) воена помош оваа година.

Франција, исто така, објави нов пакет одбранбена помош, вклучувајќи артилериски гранати, хаубици Цезар и противвоздушна одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика западните партнери на Украина да најдат политичка волја да му ги обезбедат на Кијив потребните воени залихи или светот ќе се соочи со „една од посрамните страници на историјата“. Зеленски апелот го испрати во време кога американскиот пакет воена и друга помош е блокиран поради несогласувања во Конгресот.

– Тие мора максимално да почувствуваат дека постои сила која ги уништува оние што го уништуваат животот. Ние можеме да се погрижиме за тоа. Секој од нашите партнери знае што е потребно“, рече тој. „Главната работа е политичката волја да се направи ова, да ги обезбедиме залихите што ќе бидат корисни, истакна претседателот на Украина.

„Ако ова не е случај, тоа ќе биде една од најсрамните страници во историјата, доколку Америка и Европа загубат од иранските „Шахед“ (дронови) или руски борбени авиони“. Украина, рече тој, „чека залихи кои се клучни и ние чекаме, особено за американската одлука. Навистина е потребна поддршка“.

Европската одбранбена помош е уште поважна за Украина бидејќи помошта од 60 милијарди долари од САД, клучен воен донатор, останува заглавена во Конгресот поради противењето на делови од Републиканската партија.

Подготви: Ј. Ѓ. (Фронлајн)

Треба да знаете
Moже да ве интересира