Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Француски брод со медицински персонал ќе лекува повредени Палестинци

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет и ќе служи како пловечка болница за палестинските цивили повредени во војната меѓу Израел и Хамас во соседната Газа, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

На бродот Диксмуд има 40 болнички кревети, што претставува дополителни 10 отсто на капацитетот на болничките услуги поставени во пустината на северен Синај, на границата со Газа, изјави француски дипломат за „Тајмс оф Израел“.

Бродот е опремен со хелиодром за да се овозможи брз трансфер на пациенти од египетскиот премин Рафа на бродот.

Планот е Диксмуд биде оперативен во наредните часови или денови, рекол францускиот дипломат, додавајќи дека Париз ги координира напорите со египетските власти и хуманитарните агенции на теренот.

На бродот ќе работат лекари од француското Министерство за одбрана, како и неговата цивилна здравствена санитарна резерва, која за првпат се распоредува во странство.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново