На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава.
До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа општината ќе распише јавна набавка за еден оператор и ќе премине на целосно субвенционирање на храната за учениците.
„Ветувањето е цврсто и од него не отстапуваме. Поради правни причини, не можеме веднаш да ги раскинеме постојните договори со операторите без пенали, затоа решението е фазно, но со крајна цел бесплатна храна за учениците во целодневната настава”, порача Герасимовски.
Тој додаде дека ова е најсигурен начин мерката да се реализира без правни ризици и дополнителни трошоци за општината.
