Германија и Јапонија го осудија иранскиот напад врз Израел, Кина загрижена

 Германскиот канцелар Олаф Шолц го осуди иранскиот воздушен напад врз Израел, Јапонија се приклучи во осудата на нападот, а Кина изрази длабока загриженост, повикувајќи ги земјите да се смират, пренесоа светските агенции.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц најостро ги осудува иранските воздушни напади врз Израел и Иран ризикува регионален пожар со тој неодговорен и неоправдан напади“, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрејт по пристигнувањето на Шолц во кинеската економска метропола Чонгкинг.

„Во овие тешки моменти, Германија цврсто стои зад Израел. Сега тесно ќе разговараме за натамошните одговори со нашите партнери и сојузници од Г7“, додаде тој.

Јапонија остро го осуди одмаздничкиот напад на Иран врз Израел, нарекувајќи го ескалација на настаните. Токио порача дека е длабоко загрижен за ситуацијата, во изјавата објавена од министерот за надворешни работи.

„Овој напад е еден од оние кои дополнително ја влошуваат моменталната ситуација на Блискиот Исток. Ние сме длабоко загрижени и силно го осудуваме овој вид на ескалација“, се вели во соопштението.

„Мирот и стабилноста се особено важни за Јапонија, а Владата ќе продолжи да ги презема неопходните дипломатски чекори за да спречи влошување на ситуацијата“, се додава соопштението.

Кина е „длабоко загрижена“ за ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток откако Иран лансираше беспилотни летала и проектили во одмазднички напад врз Израел, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи.

„Кина ги повикува релевантните страни да останат смирени и да покажат воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација на тензиите. Кина ја повикува меѓународната заедница, особено влијателните земји, да одиграат конструктивна улога во одржувањето на регионалниот мир и стабилност“,се вели во соопштението на портпаролот.

Треба да знаете
Moже да ве интересира