Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германија со рекорден број банкроти – 1.530 компании прогласија стечај во октомври

Во октомври, дури 1.530 германски компании прогласија банкрот, што е највисока бројка во последните 20 години, покажуваат податоците на Институтот за економски истражувања во Хале.

Оваа ситуација е предизвикана од повеќе фактори, вклучувајќи ги продолжениот економски пад, зголемените трошоци за енергија и плати, како и долгорочните ефекти од пандемијата. Компаниите со послаба финансиска подлога, кои претходно зависеа од државна помош, се најсилно погодени.

„Сегашниот бран на банкротства е последица на континуираната економска слабост и значајното зголемување на трошоците,“ изјави Штефен Мулер од институтот, истакнувајќи дека кризата најмногу ги погоди градежниот сектор, трговијата и услужните дејности.

Зачлени се на нашиот е-билтен