Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гир: Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка, решението е на маса

Евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Радио Слободна Европа на прашањето дали е прифатливо Уставните измени да се имплементираат на крајот од преговорите, како што впрочем предложи премиерот Христијан Мицкоски, рече дека за Уставните измени веќе има решение на маса и Европската унија очекува напредок кон тоа решение. Евроамбасадорот се сомнева дека новата влада во Македонија може да склучи подобар договор со Бугарија, а не смета дека и во Брисел има апетите за повторно разгледување на рамката.

Гир вели дека во Брисел нема волја зе менување на Преговарачката рамка. За него е апсурд да има само партиски функционери, а да нема компетенција и меритократија.

-Ја поздравуваме посветеноста на Владата да напредува на патот кон ЕУ, и веќе видовме добар напредок, не само во некои дискусии што ги имавме за реформската агенда, која мислам дека напредуваше многу позитивно, дури и во краткиот период откако е Владата, истакнува евроамбасадорот.

Во однос на уставните амандмани, тој посочува дека веќе имаме решение на маса.

„Во однос на Уставните амандмани, веќе имаме решение на маса. Се сеќавате во јули 2020 година, јас ги следев многу внимателно преговорите помеѓу есента 2020 година до јули 2022. Тоа не беше лесен процес за која било страна, беа направени компромиси. И како резултат на тоа, мислам дека веројатно е склучен најдобриот договор што можеше да се направи во тоа време. Дали оваа влада може да склучи подобар договор, јас лично многу се сомневам. Се разбира, тоа е прашање меѓу двете влади, но многу се сомневам дека тоа може да се постигне. И во Брисел не гледам апетит повторно да се разгледа преговарачката рамка, на што се основаат преговорите. Како што кажав, решение има на маса, би било добро да напредуваме кон тоа решение“, рече Гир.

Тој претходно посочи дека ЕУ ја поздравува посветеноста на Владата да напредува на европскиот пат и додаде оти до сега имало добар напредок „не само во дискусиите за реформската агенда која напредува многу позитивно дури и во краткиот период откако е таму владата“.

Во однос на заемот од 500 милиони евра на новата македонска влада од Унгарија, Гир не сакаше да коментира бидејќи како што кажа, не го видел, а не е ниту „сигурен дека се уште е целосно склучен“.

„Но постојат примери каде земји-членки даваат заеми влада на влада, заеми на трети земји, концесиски заеми директно во буџетот. Тоа е практика која постои во рамките на Европската Унија“, рече евроамбасадорот Гир.

Зачлени се на нашиот е-билтен