Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грците ќе добијат субвенција за струја од по 16 евра


Грчкото Министерство за животна средина и енергетика ја објави висината на субвенцијата за сметките за електрична енергија поврзани со потрошувачката во август. Поточно, субвенциите за електрична енергија во тарифите за домаќинствата и за сите услуги за главни и неглавни живеалишта, без критериуми за приходи и без разлика на давателот.

За месечна потрошувачка до 500 киловатчас субвенцијата е 16 евра за мегаватчас. Оваа категорија претставува 90% од домаќинствата во Грција. За домаќинствата кои се вклучени во социјалната домашна тарифа субвенцијата изнесува 50 евра/мегаватчас, додека крајната цена по субвенционирањето ќе биде на ниво од пред енергетска криза.

Станува збор за мерки што ги презема Министерството за животна средина и енергетика, со цел да ги поддржи потрошувачите по поскапувањето на струјата, поради неодамнешната нефункционалност на пазарот на електрична енергија во Југоисточна Европа, објави Нафтемборики.

Зачлени се на нашиот е-билтен