Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Хакатон за борба против изборни дезинформации и за намалување на бариерите за гласање

Возбудлива можност за невладините организации за учество во серија хакатони дизајнирани да се борат против дезинформации околу изборните процеси и да ги намалат бариерите за гласање.

ThinkYoung во соработка со Гугл отвори јавен повик до сите заинтересирани невладини организации да учествуваат во серија хакатони за борба против изборни дезинформации и намалување на бариерите за гласање каде може да освојат до 300 илјади евра и други награди, како и да се вмрежат со други организации и компании во индустријата и да се стекнат со искуство под менторство на експерти и волонтери од Гугл.

Првиот настан ќе се одржи на 13 септември, 2024 година во Париз. Повикот за аплицирање е отворен до 29 јули 2024 година. Ќе се одржат три дополнителни хакатони низ Европа и еден финален настан со осумте победници од претходните 4 хакатони, каде она најдобрите 3 ќе им бидат доделени значајни програми за финансирање и развој.Победникот ќе добие 150 илјади евра готовина и 50 илјади евра од 8-месечна програма за развој, за второ и трето место следуваат 20 илјади евра во готовина и 10 илјади евра од 8-месечна програма за развој.

Зачлени се на нашиот е-билтен