ВИДЕО: Хаос пред натпреваот меѓу Аргентина и Алжир: Навивачи се степаа пред мундијалскиот спектакл

Screenshot

Навивачката еуфорија пред дуелот Аргентина – Алжир на Мундијалот 2026 прерасна во хаос на Тајмс сквер, откако групи аргентински и алжирски навивачи се судрија на улиците на Њујорк.

Иако натпреварот се игра во Канзас Сити, дел од навивачите на двете селекции се собраа на едно од најпознатите места во светот, каде што атмосферата брзо излегла од контрола. Според објавените снимки, имало туркање и физичка пресметка, по што реагирала полицијата и ги раздвоила групите.

Инцидентот се случи во пресрет на првиот меч на Аргентина на Светското првенство, каде актуелниот шампион ја почнува одбраната на титулата. Во центарот на вниманието повторно е Лионел Меси, за кого ова може да биде последен Мундијал.

Засега нема официјални информации за потешки последици од инцидентот. Она што е сигурно е дека натпреварот Аргентина – Алжир доби дополнителна тензија уште пред првиот судиски свиреж.

Најчитано