Инфлацијата во Швајцарија во февруари се намали 1,2 отсто и е најниска од октомври 2021 година

 Годишната стапка на инфлацијата во Швајцарија се намали од 1,3 отсто во февруари на 1,2 отсто во јануари и е најниска од октомври 2021 година, објави денеска швајцарскиот Сојузен завод за статистика на својата веб-страница.

Цените на храната и на безалкохолните пијалоци во февруари се зголемија за 0,8 отсто на годишно ниво, забавувајќи во однос на јануарските 2,3 отсто. Услугите во рестораните и хотелите поскапеле за 2,1 отсто на годишно ниво, рекреацијата и културата за 1,7 отсто, алкохолните пијалоци и тутунот за 0,6 отсто, но во сите споменати случаи растот на цените бил побавен во однос на јануари.

Наспроти тоа, цените за домување и енергија се зголемени за 3,1 отсто, што претставува забрзување во однос на јануарските 2,5 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Швајцарија падна во февруари од 1,2 отсто во јануари на 1,1 отсто. На месечно ниво, инфлацијата во Швајцарија се зголеми за 0,6 отсто. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира