Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Истоварен првиот брод со хуманитарна помош што пристигна во Газа

– Товарот од првиот брод со хуманитарна помош што пристигна во Појасот Газа од Кипар е истоварен и се подготвува за дистрибуција до населението на кое му се заканува глад по пет месеци војна, соопшти денеска невладината организација „Светска централна кујна“.

Пратката од речиси 200 тони храна е пренесена од Кипар со брод на шпанската невладина организација „Опен Армс“, кој во вторникот тргна од кипарското пристаниште Ларнака и вчера пристигна во Газа.

По пристигнувањето, бродот се закотви на привремен брег, а хуматитарната помош беше натоварена на 12 камиони.

Испратената храна треба да се користи за подготовка на оброци за жителите на северниот дел на Појасот Газа, каде што хуманитарната ситуација е особено тешка.

Израелската војска вчера објави дека бродот поминал целосна безбедносна проверка и дека се испратени војници да ја обезбедат областа каде што била истоварена пратката на брегот југозападно од градот Газа.

Тоа е првиот брод што пловеше низ морскиот коридор отворен од Кипар, земја на ЕУ најблиску до Појасот Газа, поради итната хуманитарна ситуација и недоволната количина на помош што стигнува по копно во таа енклава под израелска опсада.

„Светската централна кујна“ соопшти дека се товари уште еден брод со помош во Ларнака, но засега не се зане кога ќе замине за Газа.

Меѓународната заедница и невладините, сепак, нагласуваат дека поморскиот коридор и испраќањето помош од воздух со падобрани не може да биде замена за копнените патишта.

Треба да знаете
Moже да ве интересира