Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јовица Михајловски ѝ даде нов лик на песната ,,Кирилица” на Стефановски

Хитот на Влатко Стефановски – „Кирилица“ доби нова визура преку интерпретацијата на популарниот актер Јовица Михајловски.

Изведбата на Михајловски е специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“ кој се случи во КЦ Бруталиск во Скопје во организација на Трн во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, според кои е именувано нашето кирилично писмо, а кои се основоположници на глаголицата

„Еј, Би, Си, Ди, И, Еф, Џи

Учиме странски јазици,

Но најважно од се е

А,Б, В, Г, Д, Ѓ, Е

Да не ги заборавиме,

Нашиот јазик е македонски

Нашето писмо е кирилско,

Во аманет ни е оставено пред многу векови,

За многу  векови- Кирилица.“

Концептот и идејата за оваа преработка на „Кирилица“ како и за видео спотот се на Јовица Михаловски, на текст и музика на Влатко Стефановски, а музичката реализација на Бранко Тасевски – виолина, Христијан Пазарковки –хармоника, Климент Петрески- гитара и Јован Пазаркоски –контрабас.

Режијата и продукцијата се на актерот Дениз Абдула и редакцијата на Трн.

Преземено од Трн.мк

Треба да знаете
Moже да ве интересира