Гостиварското комунално претпријатие „Комуналец“ доби нов в.д, директор во името на Алмир Даути.
Како што објасни градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, назначувањето било неопходно, со оглед на обврските кои ова јавно претпријатие ги извршува.
„Претходно имав средба со раководителите на секторите во „Комуналец“ и им предложив да одредат еден од нив и да ја врши административно оваа функција наредниве два месеци. Ова претпријатие врши и други дејности и неопходно е да има човек што ќе ја врши функцијата, рече Лимани.
Алмир Даути (49) е дипломиран економист кој во ЈП Комуналец работи над 15 години, а последниве седум раководи со одделението за комерција.
Тој со одлука на градоначалникот од вчера попладне е назначен за в.д. директор, откако неговата претходничка беше лишена од слобода на 21 јули и сега се наоѓа во притвор, а комуналното претпријатие остана без раководен орган.
