Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Каевски: Постигнат е договор со Алијанса, потребен ни е проевропски блок

Постигнат е договор меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците за програмските принципи кои ги имавме како политички партии, за влез на АА во Владата, информираше пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, во гостувањето во ТВ24.

– Најважна цел е ЕУ, што господинот Таравари како принцип го прифати. Ни треба проевропски блок, наспроти блок кој не ги поддржува овие процеси. Секој субјект кој има пратеници во Парламент, но и оние кои не се, а се залага за ЕУ, е добредојден, рече Каевски.

Тој нагласи дека е потребен блок кој ќе ја турка државата напред.

– Вратата е отворена и за Алтернатива, односно тие да останат во Владата. Алтернатива ќе си ја соопшти нивната одлука. Алтернатива ги поддржува принципите за кои се залага Владата. Тоа е партија што ги поддржа процесите и ќе ги поддржи, без разлика дали се во опозиција или во Владата, кажа Каевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен