Калас ги повика сојузниците да ги зголемат трошоците за одбраната

Естонската премиерка Каја Калас ги повика партнерите на нејзината земја во Европа и НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана како одговор на руската војна против Украина.

„Естонија инвестира повеќе од 3,2 отсто од својот бруто домашен производ во одбраната“, изјави Калас во Берлин.

Земјите партнери треба да го сторат истото или ризикуваат да ја испровоцираат Русија со својата слабост.

„Ако мислат дека можат да победат, ќе направат чекор. Ако разберат дека сме доволно силни, нема да направат чекор кон НАТО. И затоа мораме да го направиме овој колективен напор навистина заедно“, додаде Калас.

Треба да знаете
Moже да ве интересира