Кинеското Министерство за образование денеска соопшти дека започнува кампања за решавање на проблемите, вклучително и претераните домашни задачи и малтретирањето во училиштата, како дел од напорите за зајакнување на менталното здравје на учениците.
Министерството завчера соопшти дека спроведува едукација за ментално здравје за наставниците и учениците, со посебен осврт на децата на мигрантите од руралните средини или тие „оставените“, чии родители поголемиот дел од годината работат во големите градови.
Во известувањето на Министерството, објавено на неговата веб-страница, се детализирани 12 негативни практики во училиштата, вклучително и занемарување и толеранција на насилничкото однесување.