Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, денеска соопшти дека ставот на Вашингтон е дека Палестинците во Газа треба да имаат глас преку ревитализираната палестинска управа.
Тој рече дека Вашингтон бил „доследно јасен со израелските колеги“ за тоа што е потребно во повоена Газа, еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го претстави својот план пред воениот кабинет и подоцна го објави во јавноста.
Кирби, исто така, рече дека САД не веруваат во „намалување на големината на Газа“ и не сакаат да видат какво било принудно раселување на Палестинците надвор од Газа.
Тој исто така нагласи дека ставот на Вашингтон е дека тие не сакаат „преку Хамас да се доминира, владее или управува“ со Газа.