Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари, реагираат од опозициската партија.
Оттаму додаваат дека целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци.
„Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Ветуваа намелен буџетски дефицит, а го продлабочија уште на средина на годината“ наведуваат од СДСМ.
Според СДСМ, сето ова било врв на финансиска и фискална неодговорност, за што цената ќе ја платат граѓаните.
„Буџетот го претворија во приватна каса за своите криминални тендери.
Продблачочувањето на дефицитот значи само едно – следуваат нови задолжувања кои ќе ги враќаат граѓаните преку повисоки камати, даноци, поскапи услуги. Ветуваа дека ќе го намалат јавниот долгот, а наместо тоа за две години го зголемија за над 2,5 милијарди, со што нивото на јавниот долг достигна скоро 11 милијарди евра.
Вистината е дека овие пари не отидоа ниту за повисоки плати, ниту за мерки за граѓаните, ниту за компаниите, ниту за капитални инвестиции – завршија во криминалните партиски тендери на криминалната ВМРО“ стои во реакцијата на СДСМ.
