Костадиновска-Стојчевска: Скопје ќе има нова Универзална, пожарот нема да нѐ премисли и да се откажеме

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека „пожарот во Универзална сала е голем шок за скопјани, но и за сите македонски граѓани. Веднаш интервенирале пожарникарите и како што може да се види пожарот е ставен под контрола“.

Таа нагласи дека најважно е дека нема жртви и нема повредени.

„На терен се и надлежни органи и стручни лица. Очекуваме првични информации во врска со утврдување на причините за пожарот, обемот на штетата и евентуалната одговорност. Бев информирана дека изгорел внатрешниот дел од салата“, истакна министерката.

Бисера Костадиновска-Стојчевка посочи дека е „важнода се знае дека надворешната челична конструкција е противпожарно заштитена и дека салата е осигурана“.

„Апелирам до институциите за брзо постапување, да се утврдат фактите што е можно поскоро. Она што е сигурно е дека Скопје ќе има нова Универзална сала. Денешниот инцидент нема да нѐ премисли да се откажеме“, потенцираше во изјавата за медиумите министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевка.

Треба да знаете
Moже да ве интересира