Ковачевски во Гевгелија: Црното сценарио на ВМРО-ДПМНЕ нема да се исполни

Клучното прашање на овие избори е одлуката за иднината на државата, порача од вечерашниот митинг во Гевгелија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски

„Овие денови се потврди пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирањето лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните. Овие добро познати методи од времето на Никола Груевски, сега се спроведуваат ама неговиот верен ученик Христијан Мицкоски. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим и многу далеку од Европа. Тоа црно сценарио за иднината на нашите деца нема да се исполни“, порача Ковачевски.

Тој ги повика присутните на претстојните избори да дадат поддршка за бројот еден

„Ве повикувам, на 24-ти април, а потоа и на 8-ми мај сите да излезете и да го заокружите бројот 1. Една е алтернативата за европска Македонија! Една е опцијата за подобра и просперитетна иднина“, повика Ковачевски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира