Краповиќ: Војската на Црна Гора нема да учестува во војната во Украина

Припадниците на армијата на Црна Гора нема да учествуваат во воениот конфликт во Украина, изјави министерот за одбрана Драган Краповиќ.

Тој ги демантираше изјавите на пратеникот Милан Кнежевиќ дека припадниците на црногорските вооружени сили може да бидат на фронтот во Украина на крајот на мај или во некој друг термин.

„Министерството за одбрана, ниту јас како министер, во ниту еден момент не излеговме со информација дека наши војници ќе бидат испратени во Украина, ниту пак таа опција некогаш беше актуелна“, наведе Краповиќ во својот одговор.

Тој рече дека никогаш нема да предложи или поддржи одлука за потенцијално распоредување на припадници на црногорските вооружени сили во Украина.

Како што појасни Краповиќ, за ваков тип на ангажман постои процедура, според која министерот за одбрана му предлага на Советот за одбрана и безбедност, а Советот, по разгледување, одлуката за упатување ја доставува до Собранието на одлучување.

Тоа не може да се случи додека јас сум на чело на овој оддел“, порача Краповиќ.

Тој апелираше до пратениците, медиумите и политичарите да избегнуваат секакви шпекулации кога станува збор за вакви сериозни теми. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира